Видеото што се појави на интернет со наслов „Треба ли да сум загрижен?”, го покрена прашањето за безбедноста на летовите на нискобуџетните компании.
Еден патник забележал како прозорецот е целосно надвор од рамката, па го снимил тоа.
„Се работи за нискобуџетна авиокомпанија. Прозорецот беше целосно надвор од рамката. Мислев дека е интересно и го снимив ова со мобилен телефон.“
Патрик Смит, искусен пилот вели дека нема никаква причина за загриженост бидејќи она што е разлабавено не е вистински прозорец.
„Тоа е само површинска рамка која го штити стаклото. Се согласувам дека изгледа срамно и непрофесионално, но не постојат ризици по безбедноста на авионот“, повтори Смит.
https://www.youtube.com/watch?v=twcpL7lMjWI