Загаденоста е на високо ниво и вечерва.
Најзагадено на полноќ во сабота спроти недела е во Лисиче со 540 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, па Куманово со 316 мг/м3, и мерната станица кај Ректорат со 278 мг/м3, потоа Карпош, Кочани, Гази Баба…
Граѓаните седат дома со затворени прозорци и проветруваат само во мал дел од денот кога загадувањето е помало, иако во одредени населби ретки или воопшто нема делови од денот кога ПМ10 честичките се помалку од 50 мг/м3, што е дозволената граница.
Во Скопје од денеска како дел од мерките за намалување на загадувањето почна акција за чистење на улиците, а од викендов има бесплатен автобуски превоз до Средно Водно и забрана за возила на Водно.



