Без сомнение дебатата мачки против кучиња ќе продолжи засекогаш, но има некои добри вести за луѓето кои сакаат кучиња. Според едно истражување објавено во Scientific Reports, чувањето куче всушност може да го продолжи вашиот живот.
Еден тим истражувачи го следеле здравјето на над 3,4 милиони луѓе со кучиња. Тие биле на возраст од 40 до 80 години, а истражувањето кое треаело 12 години започнало во 2001 година. Ниту еден од испитаниците немал историја со кардиоваскуларни болести. Истражувањето се одвивало во Шведска, а секој Швеѓанец мора да има личен број за идентификација, сите негови посети на болница биле евидентирани, а чувањето куче било задолжително.
Истражувачите откриле дека луѓето кои чувале кучиња имале помал ризик да умрат од кардиоваскуларна болест, како и други причини. Ова важело за луѓето кои имаат чистокрвно куче од некој вид. Резултатите за луѓето кои чувале мелези не биле толку јасни.
Во просек, ризикот од смрт во домаќинство со повеќе луѓе бил намален за 11%, а ризикот за умирање од кардиоваскуларни болести бил намален за 15%. Здравствените придобивки биле и уште поголеми кај луѓето кои живееле сами.
„Можеби кучето е како важен член на семејството кај луѓето кои живеат сами“, изјавил главниот автор на истражувањето.
„Истражувања покажувале дека луѓето кои чуваат едно куче имаат 33% помал ризик за смрт, и 11% намален ризик за инфаркт.“
Па зошто чувањето куче е добро за вас? Истражувањето открило поврзаност помеѓу чувањето куче и подолгиот живот, но не ги истражувало причините за ова. Но научниците сепак имаат некои свои објаснувања.
„Познато е дека луѓето кои чуваат кучиња во главно се физички поактивни, а можеби ова е едно од објаснувањата.“
Ова е поддржано со фактот дека некои ловечки кучиња имаат потреба од повеќе вежбање.
„Другите објаснувања вклучуваат подобрено здравје и социјални контакти кои доаѓаат со чувањето куче.“
Научниците сепак кажале дека имало и некои ограничувања во истражувањето:
„Можеби имало разлики помеѓу луѓето кои чуваат и луѓето кои не чуваат куче уште пред да се купи кучето. Ова може да има влијание на нашите резултати, како она дека луѓето со кучиња се поактивни.“