ВМРО-ДПМНЕ го одложи за на 3ти декември протестниот собир пред Влада којшто беше најавен за вечерва во 19 часот.
Влатко Ѓорчев најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе организира граѓански протест за правда и правдини на 3 декември во 18 часот.
– Идниот викенд дојдете во Скопје да се протестира за правда, да се протестира за праведност, да се протестира за човекови права, да се протестира и да се крене глас дека Македонија нема да биде заробена држава, туку Македонија ќе биде слободна држава. Дека Македонија ќе биде држава во која што се почитуваат човековите права и Македонија постепено секојдневно, секој ден, секоја недела, секој месец постепено ќе го крева гласот за оваа лакрдија која што и се случува, рече Ѓорчев.
Ченови на ВМРО-ДПМНЕ на своите профили на Фејсбук најавија дека ќе се протестира по неколку точки, меѓу кои малтретирањето на Темелко во затвор, законот за двојазичност и Договорот за добросоедство со Република Бугарија.
Во текот на денот Кривичниот суд му ја укина мерката притвор на Темелко и му ја замени со куќен притвор.
Засега нема официјален одговор од опозицијата зошто се одложени протестите.