Во рамки на посетата на владината делегација на Будимпешта, министерот за економија Крешник Бектеши оствари неформална средба со заменик-министерот за економија и развој на Република Грција, Стергиос Питциорлас.
Во духот на градење пријателски добрососедски односи и релации беа изразени очекувања за унапредување и интензивирање на соработката меѓу двете земји на економски план, а како што беше потенцирано, посебно внимание ќе биде посветено на енергетското и инфраструктурно поврзување на двете земји.
Министерот за економија Бектеши порача дека заеднички интерес е економиите во двете земји да бележат раст, да се унапредува квалитетот на живот на сите граѓани и во тој дух важно е интензивирањето на соработката.
Беше оценето дека двете земји во иднина ќе работат заедно на регионални проекти важни за интересот на граѓаните од двете земји.