Пликоата со барања од надлежните органи за симнување имунитет на пратеници се стигнати во парламентот, но се чека претседателот на Собранието Талат Џафери да ги отвори.
Џафери вчера и денеска е во посета на Шведска.
Во денешната акција на полицијата по наредба на обвинителството, меѓу 36-мината приведени и повикани на распит во Кривичниот суд поради основани сомненија за тероризам на 27 април, има и пратеници. На распит во Судот утринава беше донесен Крсто Мукоски, a приведена беше и Жаклина Пешевска. Со истрагата се опфатени уште тројца пратеници.
Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција побара од Кривичниот суд изрекување мерка притвор за сите 36 лица против кои покрена истражна постапка поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април во Собранието.
Според Деловникот, претседателот на Собранието, барањето за одобрување на притвор, односно известувањето дека пратеникот е притворен веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, чиј што претседател на Павле Богоевски. Комисијата е должна да го разгледа барањето, односно известувањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието.
За седницата на Комисијата се известува и пратеникот на кого се однесува барањето.
Врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања, Собранието најдоца во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот, одлучува по барањето.