Голем пожар во Злокуќани, горат неколку куќи!
Пожар во повеќе куќи избувнал во скопската населба Злокуќани. Огнот избувнал пред непол час, а во противпожарните единици било пријавено околу 13.40 часот. Во моментов се уште се интервенира, на терен се 13 пожарникари со пет противпожарни возила.