ВМРО ДПМНЕ најави протест за утре во 18 часот пред истражниот затвор во Шутка, како поддршка за притворените поради настаните од 27 април.
Денеска пред Кривичниот суд повторно се протестираше. Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека на 27 април се бранел уставниот поредок на Република Македонија.
-Оние браќа и сестри кои сега се притворени и се нарекуваат терористи, истите ја бранеа Македонија и го бранеа уставниот поредок – рече Андоновска во својот говор.
На протестот присутен беше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ,Никола Груевски кој не прецизираше кога ќе поднесе оставка од лидерската функција.
– Повикувам на разум и во овој краен момент да се донесат правилни одлуки, овие 36 луѓе да се ослободат од секакво обвинение затоа што немаат вина, единствена вина им е што ја сакаат Македонија – рече Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.
На протестот говор одржа и Никола Србов од ВМРО ДПМНЕ.
-Да се замолкне и да се исплаши народот во пресрет на промената на уставното име на Република Македонија. Тие мислат дека ние треба да бидеме исплашени и да седиме дома и да се излеземе на протест кога ќе дојде моментот да го менуваат името – рече Србов во својот говор.