Десетгодишно девојче било хоспитализирано поради вдишување чад во вчерашниот пожар во зграда во Пржино.
Според информациите на МВР, вчера околу 16,50 часот во Скопје на улица Баница настанал пожар во зграда, при што се опожарени осум подрумски простории, кои една аптека ги користела како магацински простор.
Во пожарот 10-годишно девојче вдишало чад и било однесено во Клиниката за токсикологија.