ОСВОИЛА 1.500.000 ДОЛАРИ НА ЛОТО, СИ ЈА ПЛАТИЛА ХЕМОТЕРАПИЈАТА И СЕ ПЕНЗИОНИРАЛА

На Дајана Бишоп дијагностициран и е рак на дојка уште во 2016 година, по што следела терапија, но болеста се вратила годинава, во четврта фаза, но Дајана вели дека не планира да се откаже.

За да може да ги покрие медицинските трошоци, работела, не барајќи помош од никого. Сепак, среќата и чукнала на врата кога одлучила да си ја купи лото ливче.

На лото добила џек пот вреден 1.500.000 долари. Парите ги искористила да ја отплати хипотеката, да се погрижи за себе и за двајцата синови, да плати лекување. Дел од парите ги дала за другите заболени од рак.

„Сега може да го поведам семејството со мене, не морам да бидам сама, што е многу важно“, вели Бишоп, која по добивката се пензионирала.

„Сега можам да се грижам за себе да поминувам време со своите синови и со семејството“, вели Дајана.

„Ова е единствена хемотерапија која ми помогна до сега. Некои тумори ми се намалија. Добив се што сакав. Можам да умрам среќна, но за тоа сè уште не е време“, вели Дајана за CBC.

Треба да знаете
Последни објави