Вечерва, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, во периодот помеѓу 18 и 19 часот пристигнаа поголем дел од членовите на Извршниот комитет на партијата.
Според извори на 24инфо, состанокот нема дневен ред, но највисоко на агендата се очекува да биде понудената оставка на лидерот на партијата, Никола Груевски. Комитетот треба да се изјасни дали ќе ја прифати оставката и кои ќе бидат следните чекори на партијата.
Седницата е свикана откако Груевски најави дека планира да поднесе оставка од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ.