ВМРО-ДПМНЕ и денеска од 15 до 17 часот ќе блокира крстосници

ВМРО-ДПМНЕ ќе организира и протест пред Министерството за правда, денеска во 18 часот.

ВМРО-ДПМНЕ бара слобода за патриотите. ВМРО-ДПМНЕ бара да запрат неправдите, хајките и местенките, се наведува  во денешното соопштение на опозициската парфтија, каде се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците сè додека „ова лудило на власта не престане“.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 до 17 часот:

– Крстосницата кај „Мавровка“;

– Крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош;

– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

ВМРО-ДПМНЕ ќе организира и протест пред Министерството за правда, денеска во 18 часот, каде најавува дека ќе има повеќе обраќања пред присутните.  

 

 

Треба да знаете
Последни објави