Наследникот на Груевски ќе се бира на 23 декември

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница одлучи да му предложи на Централниот комитет на следната седница да отпочне процедура за организирање на вонреден Конгрес на партијата на 23 декември 2017 година.

„Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница најостро ги осуди политички монтираните обвиненија за тероризам и неоснованите притвори кои им беа изречени на партиски членови, уметници, актери и лица поврзани со настаните од 27-ти април.
Злоупотребата на државните институции кои под политички притисок на власта упаѓаа во домови и ставаа лисици на пратеници е акт на терор и газење на демократијата“, се наведува во соопштението.

Извршниот комитет заклучил дека ваквото безумие од страна на СДС ја турка државата во уште подлабока криза и затоа мора да се преземат идни чекори со кои ќе се стави крај на политичкиот прогон и политичкиот реваншизам.

Треба да знаете
Последни објави