Едниот од напаѓачите бил македонски државјанин, осуденик кој бил на издржување казна затвор. Вториот починат е државјанин на Србија по кого била распишана потерница.
Утврден е идентитетот на двете починати лица при разбојништвото во менувачницата во Кисела Вода, соопшти Основното јавно обвинителство- Скопје. Едниот од напаѓачите бил македонски државјанин, осуденик кој бил на издржување казна затвор, но по слободниот викенд во март не се вратил во установата. Тој е извршител на петаесеттина разбојништва на банки, менувачници и обложувалници.
Вториот починат е државјанин на Србија по кого била распишана потерница поради претходно сторени кривични дела, кој се здружил со другиот напаѓач. Неговата идентификација е потврденба во соработка со надлежните српски институции.
Иако за обвинителството првично се утврдени потребните факти и докази што ја откриваат вистината и одговорноста за тоа што се случило, за да се потврди дали навистина сопственикот на менувачницата делувал во нужна одбрана, потребно е целосно прибирање на сите докази во предметот, по што ќе следи донесување на јавно обвинителска одлука- соопштуваат од обвинителството.