Апел за ослободување на лицата приведени во врска со настаните од 27 април во Собранието повторно упатија учесниците на протестот во организација на ВМРО-ДПМНЕ, кој вечерва се одржа пред Министерството за правда.
Учесниците повторно со обвинувања дека Владата на Зоран Заев подготвува сценарио за промена на унитарниот карактер на земјата, но и за уништување на ВМРО-ДПМНЕ.
На протестот присуствуваше и лидерот на партијата, Никола Груевски, кој неодамна најави оставка од фунцијата, а веќе излегоа и првите неофицијални информации за неговите евентуални наследници. Партијата претходно најави и вонреден конгрес за 23 декември.
Антонијо Милошоски на прашањето кој ќе биде наследникот на Груевски истакна дека конечната одлука ќе ја донесат делегатите.
За Ане Лашкоска идниот лидер ќе биде човек од партијата, додека Благица Ласовска напомена дека најавената оставка на Груевски е негов личен чин.
Основното јавно обвинителство гони 36 лица за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а меѓу нив се и шестмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.