Денес во простириите на Општина Бутел се одржа работен состанок на директорот на Управата за водење на матичните книги г-дин Ѓоко Котевски и градоначалникот на општина Бутел г-дин Велимир Смилевски.
На состанокот се дискутираше за размената на податоците и информациите помеѓу Управата и Општината, а во интерес на постапките за кои се потребни документи од матичната евиденција.
Управата за водење на матичните книги и Општина Бутел потпишаа Меморандум за соработка, а договорено е да се отвори услужна канцеларија на Управата за водење на матичнати книги во Општина Бутел.
Исто така беше разговарано да се разгледа и можноста за склучување на браковите во свечената сала на Општината каде се одржуваат седниците на Советот