Турските власти запленија 19 тони детски играчки увезени од Кина, изработени од канцерогени материи.
При анализата било утврдено дека играчките содржат тешки метали и се обоени со бои кои се користат за кожни производи, а не за играчки наменети за деца.
Играчките немале сертификат за квалитет.
Опасните играчки ќе бидат уништени. Ова е втор ваков случај, откако во 2015 година во Турција беа откриени 10 тони играчки кои содржеле тешки метали и канцерогени материи.