Службеникот добивал плата во висина од 30.000 денари, плус додатокот од 10.500, а му биле исплаќани 40.500 денари.
Вработени во Државниот архив од буџетот минатата година„исцицале“ 10.000 евра на име прекувремени саати на работа, открива Државниот ревизор во извештајот за работата на оваа институција додека директор беше Филип Петровски, објави Нова.
Ревизорите обелоденуваат дека парите биле исплаќани без докази, односно во Архивот нема документација со која ќе се потврди дека службениците биле ангажирани за работа надвор од работното време. Висината на надоместокот што се исплаќала изнесувала 35 проценти од платата. Или, на пример, ако службеникот добивал плата во висина од 30.000 денари, плус додатокот од 10.500, му биле исплаќани 40.500 денари.
Од друга страна, според Законот за државни службеници, постои можност наместо пари, административците кои ја надминале нормата, наредниот месец да користат слободни денови. Но, наместо оваа опција секогаш се користела другата, односно им биле исплаќани поголеми плати.