Груевски: Тоа што се случи вчера е тежок преседан

Тоа што се случи вчера е тежок преседан, тоа е ужас, тоа е режим. Тоа е нешто што го нема во демократски држави, тоа е уривање на демократијата, изјави Никола Груевски за одлуката на судот за притвор на пратениците.

„Ја користам оваа прилика уште еднаш да апелирам и до Обвинителството и до судството, а посебно до Владата која стави сѐ под контрола, да не прави вакви работи. Во моментот пет проценти од сите пратеници се во притвор домашен или ефективен или 12 проценти од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, рече Груевски.

Треба да знаете
Последни објави