Телекомуникацискиот оператор Македонски телеком по комплетирањето на извршниот одбор донесе одлука кој од нивниот ред ќе ја предводи компанијата во наредниот период откако Жарко Луковски беше разрешен од функцијата и повлечен од бордот.
Одборот на директори на Македонски телеком А.Д., на вчерашната седница, го избра Горан Трајановски за извршен член на Одборот на директори во функција на главен оперативен директор на друштвото.
Горан Трајановски е кадар на владејачката партија кој беше член на Комисијата за информатичко општество. Претходно додека Оливер Спасовски беше технички министер за внатрешни работи му беше советник за телекомуникации и информатика.
Во одборот на Телеком влегоа и Сашо Велески за Неизвршен член, Анета Симеска Димоска за Неизвршен член, потоа Замир Мемети кој е Неизвршен Независен член на одборот и Дивна Јовковска – Ефтимоска за Независен Неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото.