ВМРО-ДПМНЕ на протест во 18 часот

ВМРО-ДПМНЕ за денеска во 18 часот најави протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“.

ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците, како што велат од паретијата, сè додека хунтата ги гази законите и се изживува со граѓаните. 
„ВМРО-ДПМНЕ бара: безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон, итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДСМ, итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон, се наведува во соопштението од партијата.

Треба да знаете
Последни објави