За само еден месец во два одвоени случаи украдени се повеќе од 70 парчиња оружје. Првиот грабеж се случи пред еден месец во скопската населба Капиштец, а вториот вчера во градскиот трговски центар.
Вчера во 13,30 часот било пријавено дека во временскиот период од 07 до 09.12.2017 година во Градскиот трговски центар- Скопје, непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за ловна опрема и пиротехнички материјали, при што одзел: 19 пиштоли марка „Глок“, „Берета“, „Хеклер и Кох“ и девет ловни пушки марка „Берета“, „Фабарм“ и „Моеберг“ и „Диана Класик“ (воздушна пушка) по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.600.000 денари.
Ова е втора кражба на оружје. Првата се случи пред еден месец кога непознат крадец провали во продавницата на улицата Васил Ѓоргов во трговскиот центар Капиштец и одзема 50 парчиња оружје.
Полиција презема мерки за расчистување на случајот.