Членовите на Државната изборна комисија предложени од СДСМ, Игор Милев и Виолета Дума си поднеле оставки од своите места во комисијата, потврди Милев
Неофицијално, оставка поднел и претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.
„Утрово со колешката Дума бевме во Собранието и оставките ги поднесовме во архивата“, изјави Милев.
Тој додаде и дека дополнителните надоместоци кои ДИК си ги исплати за прекувремена работа за изборите тој и Дума ги вратиле во Буџетот.
За разрешување на член на ДИК, односно констатирање на оставката во овој случај, треба да гласаат 2/3 од пратениците во Собранието.