Британските медиуми пренесуваат дека после дербито на Олд Трафорд дошло до инцидент во соблекувалните во кој учествувал и менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо.
Наводно, играчите на Манчестер Сити прегласно ја славеле победата, се слушала и гласна музика, па Мурињо се обидел да ги смири страстите и барал да се испочитува неговата екипа.
Португалецот влегол во вербален дуел со голманот на Сити, Едерсон, по што се вмешале и останатите играчи.
Ромелу Лукаку исто така бил учесник во инцидентот, во кој помошникот на Пеп Гвардиола, Микел Артета заработил посекотина на лицето, а Мурињо бил полиен со вода и млеко.