Бонева и Срцев поднесоа оставки

Членовите во ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев и официјално поднесоа оставки од функцијата во Државната изборна комисија.

Од деветчлената комисија, покрај Субхи Јакупи оставки од фунцкиите во ДИК поднеле и членовите Реџеп Прекопуца и Атанас Урумов. Нивните оставки веќе биле предадени во Собранието на РМ, каде според законските процедури треба да бидат верифицирани.

Останува неизвесно дали и Асани Салија од Беса ќе поднесе оставка.

Оставике во ДИК доаѓаат по притисокот од јавноста за поделените бонуси донесени со интерна одлука.

Треба да знаете
Последни објави