Донација од ЕУ за МВР во вредност од околу четири милиони евра

Македонската полиција денеска доби квалитетна опрема со која ги зголеми своите капацитети, а со тоа и безбедноста на границите на Република Македонија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар и претставничката на Меѓународната организација за мигранти Соња Божиновска-Петрушевска, денеска на граничниот премин „Богородица“ присуствуваа на презентацијата на опремата за набљудување, следење и обезбедување на границата донирана од ЕУ во рамки на проектот „ЕУ за тебе“.134018060-155770.jpg

Опремата чија вредност изнесува околу четири милиони евра и се состои од десет специјализирани теренски возила, четири скутери и друга софитицирана техничка опрема од денеска е предадена во употреба на Одделот за гранична полиција,гранични работи и миграции.

Спасовски лично му се заблагодари на евроамбасадорот Жбогар за оваа вредна донација нагласувајќи дека ова е потврда на нашата цврста соработка со ЕУ и потврда дека Унијата ги препознала намерите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО.

– Македонската полиција, пред се граничната полиција од денсека има квалитетна опрема со која ги зголеми своите капацитети, а со тоа и безбедноста на границата и спречување на легално преминување на мигранти, спречување на шверц и борба со криминалот. Полицајците беа на обука и можеме да констатираме дека успешно можат да ја користат оваа опрема. Ова е сериозна помош за нас на патот кон ЕУ и промовирање на европските вредности кај нас, нагласи Спасовски.

Жбогар од своја страна истакна дека Македонија одигра многу важна улога во бегалската криза, успешно ја менаџираше и се справи со неа, изразувајќи задоволство што е присутен на промоцијата на опремата која ЕУ ја донира на Македонија.

– Денеска сме тука да покажеме што значи слоганот на проектот „ЕУ за тебе“. Тоа е пружање помош на секоја земја успешно да се справи со проблемите поврзани со бегалската криза и сите други проблеми. Целта на ЕУ е со оваа донација да се помогне во зголемувањето на капацитетите на полицијата од која се очекува успешно да се справува со секаков вид на криминал со помош на колегите полицајци од земјите членки на ЕУ, кој ќе се случува на границата, рече Жбогар и додаде дека Унијата и понатаму ќе остане посветена во давањето помош на Македонија во справувањето со секаков вид криза.

Претставничката на ИОМ, Соња Божиновска – Петрушевска рече дека во рамките на проектот се обучени 550 полицајци за управување и ракување со опремата

25299901_903363366507954_5192557090537449435_o.jpg

Треба да знаете
Последни објави