Жената со месеци го пријавувала во полиција својот 46-годишен насилен сопруг, кој секојдневно физички и психички ја малтретирал.
Четириесет и тригодишната С.T. од Скопје вчера околу 10.35 часот пријавила дека неколку пати, претходниот и овој месец била физички малтретирана од сопругот И.T.(46), кој и нанесувал тешки повреди.
Таа, според МВР, тврдела дека била и силувана. Напоменала дека И.T. секојдневно физички и психички ја малтретирал, за што во неколку наврати пријавувала поплаки и малтретирање, информираат од полицијата.