Амбасадата на САД во Македонија денеска изрази загриженост поради големата загаденост на воздухот во Скопје и во земјава.
Во својата објава на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ од Амбасадата прашаа „кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија“.
„Загадувањето на воздухот во Скопје денеска беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата! Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ напишаа од Амбасадата на САД на „Фејсбук“ и на „Твитер“.