Општина Бутел седма година по ред ќе избира најубаво украсен двор по повод новогодишните и божиќните празници.
Пријавите граѓаните можат да ги достават на шалтерот 1 во архивата на општина Бутел, на телефоните: 2 616-868 и 2 600-507 лок: 127, како и на меил адресата: portparol_butel@yahoo.com.
Во пријавите граѓаните треба да остават лични податоци – име и презиме, адреса и контакт телефон, најдоцна до 27 декември (среда).
Потоа, комисија составена од повеќе членови од општинската администрација ќе ги посети пријавените, по што ќе бидат избрани и прогласени трите најубаво украсени куќи и дворови, што ќе бидат наградени.
Наградите за најубаво раскажаните новогодишни приказни со помош на украси и светилки, ќе бидат доделени на 4 јануари идната година.