На 14.12.2017 година било пријавено дека истиот ден во претпладневните часови во Виница на градскиот стадион У.Ќ.(18) од Виница извршил кривично дело „силување“ над 16 годишна малолетничка.
Имено, околу 07,30 часот истата заминала на настава во средно училиште, од каде за време на одморот, У.Ќ. насилно ја однел кај стадионот и побарал да остане во Виница со него, и да не оди во Германија.
Откако малолетничката се спротивставила, истиот и ги врзал рацете, нозете и устата со фластер, по што го извршил кривичното дело. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кочани.
По наредба на Јавен обвинител, У.Ќ. бил лишен од слобода и задржан во ПС-Виница.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.