Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов ги повика сите граѓани кои имаат некаква идеа или предлог за решавање на проблемот со загадувањето да дојдат во понеделник во просториите на градот Скопје за да ги претстават.
Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов ги повика сите граѓани кои имаат некаква идеа или предлог за решавање на проблемот со загадувањето да дојдат во понеделник во просториите на градот Скопје за да ги претстават.
– Апелирам секој граѓанин кој има одржлива идеја за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот да дојде во просториите на Градот Скопје во понеделник меѓу 12:30 и 14:30 часот и да ги сподели тие идеи. Заедно ќе ги ги разгледаме можностите заедно колку тие решенија се применливи и колку реално можат да придонесат во решавање на проблемот – рече Шилегов.
Тој информира дека на вчера отворената линија 193 за пријава на пожари на отворено имало само две пријави, по кои имало две интервенции.
– Екипите дежураат 24 часа дневно и по пријава излегуваат на терен. Ги замолувам граѓаните ваквите пријави или сознанија за какво било нарушување на амбиенталниот воздух да ги доставуваат до тој центар за да може да се санираат акутните состојби – истакна скопскиот градоначалник одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Првиот семеен центар на Град Скопје.
Истакна дека како градоначалник излегува надвор од своите ингеренции и презема иницијативи што не се негова законска надлежност се со цел да се изнајдат оперативни решенија за справување со проблемот.
Тој најави дека Советот на Град Скопје идната недела ќе донесе одлука за поевтинување на јавниот градски превоз, зошто, смета дека тоа заедно со зголемување на цените на паркирањето би го дестимулирале користењето на автомобилите, како еден од причинителите на загадувањето во Скопје. Дали ќе има евентуални рестрикции на сособраќајот, вели, одлука треба да донесе МВР.
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има прекин на наставниот процес, или продолжување на распустот, потенцира дека за тоа одлучува Министерството за образование и наука.
– Разговарав со министерката бидејќи од вчера поинтензивно се отвори прашањето за да се продолжи распустот. Во зависност од тоа што заеднички ќе се договориме со МОН, таа одлука ќе и биде соопштена на јавноста – рече Шилегов.