Венко Филипче најверојатно ќе биде предлогот на премиерот Зоран Заев до Собранието за нов министер за здравство, брифира висок владин функционер за ТВ 24.
Истиот функционер вели дека во игра е и актуелниот директор на болницата „Осми септември“, Кристијан Костовски, но според него, најверојатно Филипче ќе биде изборот.
Истиот функционер порачува дека Села ќе добие уште една понуда за останување на „Илинденска“ – освен вицепремиер за реформи, ќе му биде понудено и заменичкото место во здравство. Но ништо повеќе од тоа, вели истиот функционер.
„Министер за здравство ќе биде предлог на СДСМ, тоа е решено и затворено прашање. Од Зијадин Села зависи дали ќе остане во влада или пак не“, вели висок владин функционер за ТВ 24.
Од друга страна од Алијансата велат дека доколку стигне предлог за министер кој што не е нивното решение најлогичниот чекор ќе биде тие да ја напуштата валдата.
„Алијансата за Албанците му предложи кандидат за министер за здравство на премиерот, очекуваме предлогот во Собрание да биде нашиот кандидат“, вели функционер од Алијансата.
Кој ќе седне во останатите испразнети места кои се на ДУИ, нема информација од Мала Речица. Односите во владејчката комисија се заострија откако Зиајдин Села го обвини Ахмети дека стои зад обидот за негова ликвидација на 27 април.