Непознат сторител синоќа испукал два куршуми од огнено оружје кон џип „мерцедес“ во Тетово. Џипот е сопственост на А.Б. од Тетово.
Возилото било паркирано на улица Борис Кидрич од страна на 30-годишниот Ш.Б., син на сопственикот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.