Четиринаесетгодишник од Скопје вчера пријавил дека непознато лице врз него извршило разбојништво.
Полицијата соопшти дека момчето информирало дека кога влеголо во влезот на зградата, непознато лице со закана со пиштол му го одзел мобилен телефон, по што побегнало.
Се преземат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.