Среде бел ден се крадат автомобили во Скопје. Според пријавите до полицијата, најчесто се работи за луксузни возила кои чинат над 5 илјади евра.
Крадците пак скоро секогаш се незабелажни од сопствениците ниту од околината иако кражбите се случуваат на улици со зголемен интензитет на сообраќај.
Според исказите на сопственици чии возила биле украдени, причина за грабежот е нивната невнимателност.. Најголем дел од нив изјавиле дека возилото го оставале со вклучени трепкачи но и со клучот на бравата за стартување на автомобилот.
Поради ова од полицијата апелираат за поголема внимателност и задолжително заклучување кога се излегува од автомобилите. Инаку Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, од почетокот на годинава во Македонија се украдени скоро 400 возила.. Од нив 125 се пронајдени а по останатите сеуште се трага..
Инаку во обид полесно да го пронајдат украдениот автомобил, сопствениците почнуваат потрага и преку социјалните мрежи.. Објавуваат фотографии од возилото и детали каде се случила кражбата..
„Пријатели, вечерва е украдено цитроен пикасо од Кисела вода сребрена боја . .. . Ако некој го види нека пријави во полиција , ова е само дел од објавите кои секојдневно можат да се прочитаат на фејсбук..
Отклучените автомобили важат за лесен плен на крадците, Но Тие користат и софистицирани методи за кражба на возила кои поседуваат алармни уреди. Разработен е систем за оттчитување на радио сигнали од клучевите за далечинско отклучување а за стартување на возилото употребуваат електронски модули од хаварисани возила.