Денес во 13 часот се најавен протест на активистите и љубителите на животни пред Собранието на Република Македонија со цел да се привлече вниманието на надлежните институции и широката јавност за нехуманиот третман кон животните.
“Ние, активисти и љубители на животните, неформална група граѓани , Ве информираме и покануваме на мирен собир во недела, 17.12.2017 на Плоштад пред Собранието, со кој сакаме да го привлечеме вниманието на надлежните институции и широката јавност за нехуманиот третман на животните во нашата земја; предложиме конкретни, хумани решенија и конечно издејствуваме промени. Години наназад Македонија сериозно затајува на полето на хуманоста врз животните и крајно е време тоа да се смени”, се вели во соопштението.
Тие бараат забрана на слободната продажба на отровите со кои се убиваат животните, да се стави крај на масовното убивање на животните, да се донесат најстрогу казни за сопствениците што поттикуваат агресија кај кучињата и да се креира полиција за животни бидејќи насилството врз животните најчесто е само претходница на насилството врз луѓето, велат организаторите.
“Изговори повеќе не смее да има – ги каниме и очекуваме сите во недела!”, велат организаторите.