Шест загинати во хеликоптерска несреќа, меѓу кои и сестрата на претседателот на Хондурас
Сестрата на претседателот на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез и министерка во неговата Влада, Хилда Хернандез (51) загина со уште пет лица во хеликоптерска несреќа, соопшти армијата на Хондурас.
– Остатоците од хеликоптерот се лоцирани и нема преживеани. Шестте лица кои беа во хеликоптерот, вклучително и Хилда Хернандез, пронајдени се мртви, изјави претставник на армијата.