Рано утринава група скопјани предизвикале тепачка во скопска кафеана, поради несогласување со персоналот.
Имено од МВР известуваат дека во 02 часот и 15 минути, 27- годишниот Б.Р од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01 часот и 30 минути во угостителски објект на улица „Црвена скопска општина“ во Скопје физички бил нападнат од непознато лице.
Б.Р. со неговите другари З.П. и Д.М. биле во објектот и во еден момент настанало несогласување со персоналот околу плаќање на сметка се вели во соопштението.
Притоа, непознато лице почнало да го влече до влезната вратата на локалот и го удрило со тупаница во главата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.