Со протест пред Министерството за правда активисти и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и вечерва побара ослободување на нивните сопартијци и на другите притворени лица вклучени во настаните во Собранието од 27 април.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат безусловно запирање на, како што велат, „сите овие процеси на политичкиот прогон и пуштање на слобода на лицата опфатени со прогонот“.
– Мораме да останеме единствени и сплотени, зошто тоа е единствениот начин нашиот отпор да биде силен и да опстане Македонија. Вечерва сме овде за Македонија и да ги поддржиме уставобранителите, вечерва сме овде за Дурловски, за Дамовски, за Мукоски, за Пешевска, за Чавков, за Василевски, за Арнаудов, рече во обраќањето на протестот Марија Андоновска