Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против Т.М. (53) од велешкото село Ореше, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво во обид.
На 20 ноември Т.М., маскиран, влегол во домот на Д.С. и му вперил пиштол кон устата, му барал пари и се заканил дека ќе го убие. Д.С. му кажал дека нема пари и пријавениот ја напуштил куќата.