Во пукотници кои утринава се слушнале околу 8:20 часот во Нов Белград повредени се две лица.
Како што пишува српски „Блиц“ во пукањето учествувале маж и жена.
Портпаролката на Итната медицинска помош изјавила дека мажот бил пренесен во Ургентен центар на реанимација, а жената во Клиничка болница.
Според неофицијалните информации на порталот, се работи за брачен пар Душко Р. (37) и Тамара Р. (37), а до пукањето дошло по нивна претходна расправија која се одвивала во автомобил во кој се наоѓале двајцата.
Мажот, кој управувал со автомобилот, во еден момент застанал и излегол од истиот, дошол до совозачката врата, ја отворил и неколку пати пукал во сопругата.
Откако го извршил крвавиот пир, се свртел и си пукал во глава.
Мажот со сериозни повреди е пренесен на реанимација, додека жената има повреди во пределот на стомакот и нозете.
Улицата е блокирана, а полицијата врши увид.