Никој не насетувал зошто еден Англичанец со денови копа дупка во својата градина.
Минатиот вторник влегол во неа и почнал да се закопува, а семејството морало да повика пожарниакри за да го извлечат, бидејќи момчето одбивало да излезе.
Овој бизарен чин на самозакопување се одиграл во дворот на неговата куќа недалеку од градот Бата. Неговиот сосед раскажа дека човекот со денови сам копал дупка.
-Слушнав бука и врисок околу 4 часот наутро од правец на куќата која се наоѓа карши мојата. Семекствоот на момчето беше надвор и очајно се обидуваше да го наговори да се врати во куќата, рече еден од соседите.
Помошта стигнала околу 7 часот и потоа тргнал спектаклот. Соседот вели дека имало десетина полицајци од тимот за итни случаи, пожарникари со спасувачка опрема и екипа на итна помош.
-Повикаа некои специјалисти, кои префрлија некој вид на дигалка преку дупката, за да се спуштат долу и да го извлечат момчето, се беше блокирано додека траеше акцијата, вели соговорник.
Не е познат мотивот поради што момчето сакало живо да се закопа.