Не ја пуштиле во затвор да го посети сопругот па им фрлила запалено шише

Гостиварчанка фрлила запалено шише кон затворската кантина од кое се запалила вратата, дел од оградата и кантата за ѓубре, поради што заработила кривична пријава.

Имено на 09 август годинава околу 17 часот во Скопје, на улица „Индира Ганди“, на пријавницата во Затвор – Скопје, лицето побарало да го посети сопругот кој бил во притвот, но била одбиена бидејќи не поседувале дозвола од судија за претходна постапка. Таа прво почнала вербално да се расправа, по што си заминала.

Но, потоа се вратила, и преку оградата, кон затворската кантина од затворот, фрлила запалено шише од коешто се запалила вратата, дел од оградата и канта за ѓубре.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Скопје против 17-годишно лице од Гостивар е поднесена кривична пријава за „предизвикување општа опасност. 

Треба да знаете
Последни објави