Попладнево, од засега непознати причини, работник падна од покривот на зграда во Центар. Екипа на итната медицинска помош интервенирала по повик од граѓани. Настанот предизвика вознемиреност кај случајните минувачи и жителите на околните згради.
Се работи за една од зградите спроти Министерството за правда, кои беа дел од проектот на Општина Центар за реконструкција на фасадите.