Тешка сообраќајка несреќа се случила вчера на регионалниот пат Охрид-Свети Наум помеѓу авто-кампот „Елешец“ и с.Пештани.
Како што информираат од МВР, Л.Ц. (38) од с.Пештани, управувајки патничко возило „Даеву Нексија“ со охридски регистерски таблици изгубила контрола над возилото и со истото удрила во дрво.
Во незгодата, Л.Ц. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Болницата„Свети Еразмо“ – Охрид, каде била задржана на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица за Безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид.