Вчера,19 декември, во Министерството за внатрешни работи (МВР) од политичката партија ВМРО ДПМНЕ добиено е известување во кое се најавува дека секој ден ќе се одржува јавен собир со блокада на гранични премини.
Како што информираа од МВР најавените блокади се по следниот редослед, блокадата на 20 декември во периодот од 16 до 18 часот на граничен премин „Богородица“. На 21 декември блокадата ќе биде во пероидот од 17 до 18 часот на граничен премин „Ќафасан“.
За 22 декември блокадата е најавена во периодот од 17 до 18 часот на граничен премин „Деве Баир“, а на 24 декември во периодот од 16 до 18 часот на граничен премин „Богородица“.