Скопјанка синоќа пријавила дека во текот на денот, како и во периодот од 10 до 21 декември, непознат маж во неговиот стан извршил полов напад врз нејзината 12-годишна ќерка.
МВР информира дека додека нејзината ќерка одела и се враќала од училиште, непознатиот во повеќе наврати го викал девојчето во неговиот стан и го допирал по телото.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.