Автомобилистичката Федерација на Македонија објави список на спортисти и тимови кои ќе бидат даночно ослободени за следната 2018 година.
Оваа објава крена голема прашина низ социјалните мрежи од клубовите и возачите кои беа отпишани од страна на АФМ, напаѓајќи дека шампионатот кој се одржа во Македонија се состоеше само од две трки на кои учество земаа само 6-7 возачи во различни класи кои се членови на АФМ.
Од извори на 24инфо дознаваме дека треба да се побараа официјални резултати од FIA CEZ (Central european zone) поради тоа што подолу објавената листа е некоректна и со фалсификувани документи.
Како што знаете состојбата во македонскиот автоспорт е алармантна, но се очекува во блиска иднина да се решат работите и конечно да можат сите македонски возачи да бидат дел од вистински шампионат со што би се вратил сјајот на овој спорт како некогаш.
Подолу можете да го погледнете списокот на возачите и клубовите кои ќе бидат даночно ослободени во 2018 година.