Популарната пејачка Лепа Брена, која секогаш ја гледаме насмеана и среќна, за еден српски весник откри дека боледува од тежок облик на клаустрофобија.
–Не е лесно да се избориш со клаустрофобија. Ме фаќа паника кога сум во мал простор, како што се лифтови во кои секогаш влегуваат повеќе луѓе од дозволеното.
Имам проблем бидејќи се чувствувам притиснато. Најстрашно е што добивам напади на паника и кога некој ќе ме стисне и ќе ме прегрне од љубов. Јас не можам да го контролирам тоа, иако би сакала да можев.
Во тие мигови не можам да сфатам дека некој ме гушка бидејќи ме сака, клаустрофобијата преовладува, открива Брена.
Еднаш толку многу се исплашив во авион и добив напад на паника што ни самата не можам да си објаснам како дојде до тоа.
Кога стјуардесата ја затвори вратата, почувствував дека целото летало почнува да се стеснува од страните.
Имав чувство како да ме стега некаков оклоп, срцето почна да ми чука ненормално брзо, ме фати паника, особено поради фактот што никој друг не можеше да ми помогне.
Тој психолошки момент кога осознавате дека сами морате да се изборите со ситуацијата е најтежок, вели пејачката