Момче ја уценувало поранешната малолетна девојка со интимни фотографии

Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против 20-годишниот Р.А. од село Елевци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена.

Во текот на октомври минатата година, пријавениот набавил еротски фотографии од малолетничка со која порано бил во љубовна врска, а потоа се обидел да ја уценува барајќи и други такви фотографии.

Во момент на револт од прекината љубовна врска, Р.А. дел од  фотографиите, преку социјалните мрежи, ги испратил на нејзиниот татко, како и на повеќе роднини и пријатели. При проверка на  мобилен телефон сопственост на пријавениот, биле пронајдени неколку еротски фотографии од оштетената.  

Треба да знаете
Последни објави